Како на боиште – 1,35 милиони луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи
Повеќе од една четвртина од сите жртви во светот се мотоциклисти, се вели во последниот извештај на Светската здравствена организација
Иако безбедноста на моторните возила се подобрува од година во година, а медиумите посветуваат се поголемо внимание на безбедноста на патиштата, сообраќајните несреќи се меѓу водечките причини за смртност во светот.
Според најновите податоци, секоја година на патиштата умираат околу 1.35 милиони луѓе, што е приближно исто колку и вкупното население, на пример, на Копенхаген.
Извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) покажува и дека најчеста причина за смрт на децата и младите на возраст од 5 до 29 години е токму настрадување во сообраќајни незгоди.
Највисоката стапка на смртност во однос на населението е во Африка, каде на околу 100.000 луѓе годишно умираат 26,6 лица, додека најмала е во Европа (9,3 на 100.000). Светскиот просек е 18,2 на 100.000 луѓе.
Споредено со претходниот извештај на СЗО објавен во 2015 година, Северна и Јужна Америка, Европа и регионот на Западен Пацифик бележаа пад на смртните случаи во сообраќајот.
Во најновиот извештај се наведува дека една четвртина од сите загинати на патиштата во светот се пешаци и моторџии. Овој процент е значително поголем во Африка (44%) и Источен Медитеран (36%).
Околу 28% од жртвите биле мотоциклистите и нивни сопатници.