Температурите се се пониски, а тоа значи дека постои зголемена можност вашето возило да се замзне …

Нема ништо полошо од тоа кога сте во најголемо брзање да откриете дека вратите се замрзнати и не можете да влезете во вашиот автомобил. Тогаш лесно доаѓа до пукање на кваката и кршење на бравата, бидејќи повеќето се обидуваат „насилно“ да влезат во автомобилот.

Постојат неколку начини да ги одмрзнете замрзнатите врати, а ние ви посочуваме евтин и лесен начин за тоа.

Иако може да купите различни производи за одмрзнување во продавница, доволно е да купите само течност за миење стакло, наменето за зимски периоди. Оваа течност може да издржи ниски температури и дејствува моментално на мразот и го омекнува. Земете течност за стакло и ставете ја во распрскувач, а потоа испрскајте ги рабовите на вратите, како и рачката. Почекајте една минута и обидете се да ја отворите вратата. Ќе видите дека ќе успеете.

Погледнете го видео клипот кој покажува како течностите за стакло делуваат на мразот