Кинеска фабрика за електрични автомобили на свој начин се справува со пандемијата на коронавирус

Од вирусот кој коси на глобално ниво, само во Кина настрадаа повеќе од 3.200 луѓе, а BYD, кинеска фабрика за автомобили, дневно произведува над 300.000 шишенца со средство за дезинфекција на рацете. Покрај ова, во фабриката се произведуваат околу 5 милиони маски за лице секој ден со цел да се помогне во спречување на ширењето на опасниот коронавирус.

Од BYD објаснуваат дека дел од маските се за нивните работници. Така, компанијата, чија палета на производи вклучува и батерии за електрични автомобили, ќе обезбеди нормален тек на процесот на производство. Покрај своите вработени, BYD обезбедуваат маски и за болниците, јавниот превоз и други лица во Хубеи, епицентарот на коронавирусот.

Според извештаите за глобалната пандемија со коронавирус, повеќе од 170.000 луѓе се заразени ширум светот, а повеќе од 6.500 починале по компликациите предизвикани од вирусот. Вкупниот број на случаи на коронавирус во Кина е скоро 81.000. Бидејќи фабриките во втората по големина светска економија почнуваат да продолжуваат со работа, многу регионални производители ги обновуваат своите фабрики за производство на маски и медицинска облека како одговор на зголемената побарувачка.

Заедничкото вложување со седиште во Гуанжу на General Motors и SAIC Motor SGMW, исто така, произведува околу 2 милиони маски на ден.