Рускиот производител на луксузни автомобили Aurus, најпознат по производството на лимузини за претседателот Владимир Путин, објави видео кое вклучува, меѓу другото, и снимка од тестот за безбедност на ова ексклузивно возило

Видеото открива некои детали за тестирањето на моделот Aurus Senat, а прекју истото овозможен е и влез во фабриката каде е направен овој автомобил.

Во еден сегмент од видеото е прикажан тест судар на овој луксузен седан со брзина од 64 km/h

Возилото долго 5,6 метри има хибриден погон, благодарение на што од 0 до 100 km/h стигнува за шест секунди, а почетната цена е 254.000 долари.

На почетокот од годината, Aurus Senat е тестиран и во услови на екстремен студ, во Сибир. Автомобилот се покажал како доста издржлив дури и на температури од минус 50 Целзиусови степени.

Луксузните автомобили од линијата Aurus првично беа наменети само за највисоките руски претставници, а своето деби го имаа за време на инаугурацијата на Владимир Путин во 2017 година.

Оттогаш, производителот одлучи да направи поширок спектар на возила што ќе ги понуди на пазарот. Сериското производство треба да започне во 2021 година, но неколку возила од производните линии ќе бидат симнати веќе во ноември годинава.