
Како до брзо одмрзнување на стаклата на возилата? Со вода секако не!
Кога надворешната температура е многу ниска, дури и млаката вода може да биде опасна за прозорците на возилото
Многу возачи во наредниот период наутро ќе ги дочекаат замрзнати шофершајбни, а тоа значи и голема непријатност, губење време… особено кога се брза да се стигне некаде. Германскиот авто клуб (ADAC) предупредува да не се прибегнува кон брзи решенија и стаклото да не се одмрзнува со топла или млака вода. Ова може да ве чини пукнатини или оштетување на стаклото. Поради специјалното ламинирано ветробранско стакло до кршење нема да дојде, но до напукнатини сигурно, а промената секако не е евтина.
Наместо зовриена вода, некои возачи често користат млака или ладна вода. Се надеваат дека ќе ја избегнат опасноста од кршење на стаклото на автомобилот. Проблемот не е решен ако користите вода со пониска температура. Наместо тоа, важна е температурната разлика помеѓу стаклото и водата. Кога надворешната температура е многу ниска, дури и млаката вода може да биде опасна за прозорците на возилото. Ова е обично од 30 до 35 степени. Многу експерти, од истата причина, не советуваат дури ни полевање со ладна вода.
Постојат едноставни начини да спречите замрзнување на стаклата на автомобилот преку ноќ. Едноставно закачете парче фолија или картонска кутија под брисачите на шофершајбната. Можете да ги прицврстите и со вратите или прозорците.
Чисти прозорци ветува и шише со топла вода на централната конзола, кое ќе го ставите половина час пред поаѓање или преку ноќ. Топлината на водата ќе го стопи мразот или ќе го спречи неговото формирање.