Kако денес се крадат автомобили?! / ВИДЕО
Современите технологии се добредојдени за сите, па и за крадци кои сега полесно може да ги отуѓат автомобилите
Модерните „паметни“ технологии во автомобилите се се поприсутни, но често знаат да предизвикаат и компликации. Откриваат нови ранливи области, особено кога станува збор за кражби. Системот без клуч (keyless) е една од таквите технологии која многумина ќе ја окарактеризираат како „непотребна“, а има и зошто – елегантен начин да се украде возило.
Најновиот пример доаѓа од Нортхемптон во Велика Британија, каде што надзорната камера снимила кражба на BMW M140i. Моќниот премиум компакт бил привлечен за добро обучените крадци кои успеале да го отуѓат за помалку од 20 секунди.
Еден од крадците прво со скенер го фаќа сигналот на клучот, додека другиот со друг уред (предавател) стои до BMW-то и го чека сигналот. Во моментот кога сигналот е фатен, истиот го прима неговиот соработник, возилото се отклучува и и соработникот заминува со него. Целата акција трае буквално 20 секунди. Затоа, ако имате автомобил со таква технологија, за секој случај клучевите држете ги подалеку од влезната врата и ѕидовите блиску до возилото.
Погледнете го видеото.