![Како да си го освежите својот автомобил за „ич“ пари!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/04/car.jpg)
Како да си го освежите својот автомобил за „ич“ пари!
Не трошете пари на скапи освежувачи, бидејќи може и сами да ги направите!
Еден од начините вашиот автомобил да мириса долго и убаво е да се стават миризливи соли за бањање во сад со дупчиња во фиоката на автомобилот. Секој пат кога ќе ја отворите фиоката, ќе почувствувате пријатен мирис.
Свежите растенија и цвеќиња се исто така добар избор. Ставете ги во вашиот автомобил и ќе почувствувате пријатно освежување.
Лавандата е една од растенијата што најчесто се користи за оваа намена поради пријатниот и свеж мирис. Вреќичките со лаванда, освен што може да ги ставите меѓу преклопената гардероба во плакарот, погодни се и за автомобили.
Закачете мала вреќичка со лаванда на внатрешниот ретровизор, Секој пат кога малку ќе се протрие лавандата ќе ослободи нов пријатен мирис.
Натриум бикарбонат е незаменлив со цел да се соберат сите непријатни миризби што се акумулираат во автомобилот.