Гумите се единствениот контакт на возилото со патот, така што тие имаат значително влијание врз безбедноста во сообраќајот, возните карактеристики и удобноста при возење

Правилното користење на гумите им го продолжува животниот век, што значи дека се троши помалку природни ресурси и се создава помалку отпад.

За да знаете што поекономично да постапувате со вашите гуми, експертите на Goodyear подготвиле едноставни совети кои ќе ви помогнат да заштедите пари, а истовремено да придонесете за заштита на животната средина

Одржувањето на правилното ниво на притисок во гумите значително влијае на безбедноста, возните карактеристики, абењето на гумите и потрошувачката на гориво. Пренискиот притисок на воздухот предизвикува прегревање на гумите и поголема потрошувачка на гориво, а преголемиот притисок ја зголемува чувствителноста на препреките на патот и ја намалува удобноста при возење, што и во двата случаи доведува до побрзо и нерамномерно трошење на гумите.

Притисокот во гумите треба да се провери најмалку еднаш месечно и пред секое долго патување. Иако многу современи автомобили имаат електронски систем за следење на притисокот (TPMS), тој сепак треба рачно да се провери со помош на манометар. Препорачаните вредности на притисок во гумата за вашето возило обично се наведени во упатството за сопственикот на возилото.

Експертите на Goodyear советуваат покрај проверка на притисокот, да го прегледате и газниот слој на гумата за какви било знаци на абење или страни тела заробени во гумата. Обрнете внимание на длабочината на шарата и состојбата на централниот дел и надворешните рабови на гумата. Редовната ротација, односно промена на положбата на гумите помеѓу едната и другата оска, исто така придонесува за продолжување на векот на гумита. Имено, гумите на предните тркала обично поинаку се трошат споредено со задните, а замената придонесува за порамномерно абење и, следствено, на подолга употребливост на гумите. Ако редовно возите со голема брзина, носите големи товари или возите на големи растојанија, може да биде потребна почеста ротација поради дополнителниот товар.

Нерамномерното трошење на гумите може да биде знак дека е потрено автомобилот да биде центриран и прилагод. Доколку забележите дека возилото постојано  врти на едната страна додека на другата се вози или воланот се тресе за време на возењето, време е да се отстранат неправилностите кои инаку влијаат на издржливоста на гумите.

На животот на гумите влијаат и вашите навики за возење. Забрзувањето и наглото сопирање или агресивното возење, лежечките полицајци и дупките на патот се причина за побрзо трошење и оштетување на гумите, затоа стремете се кон мирен стил на возење.

Покрај правилното однесување во возењето, важно е и да се изберат вистинските гуми во согласност со временските услови. Летните и зимските гуми се специјално прилагодени за возење во одредени услови. Без оглед на бројот на изминати километри, не користете зимски гуми во лето. Тие ќе обезбедат оптимална издржливост при ладно време, а за време на повисоки температури тие ќе се истрошат побрзо и ќе имаат помала адхезија, што значително влијае на должината на растојанието на запирање. Поради прегревање, својствата на гумената смеса се влошува и шарата се оштетува. Поради поголема отпорност на тркалање, потрошувачката на гориво исто така се зголемува.

И еден совет на крајот… 

Во Европа, секоја година се рециклираат или повторно се користат повеќе од три милиони тони користени гуми. Значи, ако купувате нови гуми, постапете одговорно кон околината и однесете ги старите гуми на вулканизер за репарација или место за рециклирање.