Jinba Ittai за возачи: ексклузивни чевли за возење од Mazda
Заедно со брендот за спортска облека Mizuno, Mazda ги создаде патиките Kodo, чевли за возење кои претставуваат прекрасен спој на функција и стил. За жал целото планирано производство е веќе „разграбано“
Со повеќе од 100 години искуство зад себе, брендот за спортска облека Mizuno и производителот на автомобили Mazda се две големи јапонски имиња кои носат дизајн и дух на иновативност на патиштата и тротоарите. Водени од нивната заедничка страст за одлични перформанси и размислување за клиентите, двете компании се здружиле за да создадат уникатен пар чевли за возење.
Откако се ставени на продажба и буквално „разграбани“ за кратко време, првото издание ќе биде испорачано на клиентите во 2022 година. Ова многу ограничено издание привлекува внимание со својот минималистички стил и квалитетни материјали.
Декларираната цел од самиот почеток била да се постигне совршена симбиоза помеѓу возачот, чевелот и возилото. Дизајнерските тимови внимателно го разгледале секој детал за да постигнат совршен баланс помеѓу естетиката и функционалноста. Изгледот е инспириран од дизајнерската филозофија на Mazda „Kodo – Soul of Motion“, која се потпира на течни форми и елеганција.
Монохроматскиот дизајн е постигнат, меѓу другото, со сива нубук синтетичка кожа и црна говедска кожа кои се комбинирани со синтетички влакна. Но, освен што изгледаат добро, тие се дизајнирани и за квалитетно возење.
Dorsiflexion технологијата за кружен ѓон поддржува нежен и контролиран притисок на педалата. Ова ги прави многу чувствителни и на возачот му дава инстант повратни информации за перформансите и однесувањето на автомобилот. Ѓонот е моделиран по углед на „течната“ тридимензионална форма на тркачки автомобил и на тој начин го комбинира удобноста со оптимално држење на педалите.
Тоа е посебно изведено за поголема стабилност и агилност во сите услови на патот. Покрај тоа, стапалата се поддржани од високо структурирана мрежа која спречува деформација на чевелот. Структурата за поддршка, исто така, спречува замор на возачот во нозете и грчеви во нозете.
Mazda се погрижила чевлите за возење да бидат одлични и како чевли за пешачење. Додека повеќето чевли за тркање и возење се потпираат на тврди и тенки ѓонови, овој модел ја користи технологијата на Mizunе за да го ублажи центарот на рамнотежа. Влошките што се користат нудат удобност при секојдневна употреба без да влијаат на суптилното чувство на педалите.
Значи, ова е производ кој комбинира интензивно искуство во возењето и секојдневна практичност – со елегантен изглед. Чевлите биле понудени на продажба преку платформата Makuaki, а сите 1.350 пара се распродадени за само неколку дена. Среќниците ќе ги добијат чевлите во пролетта од 2022 година.