Јапонската влада ќе ги поддржи производителите на чипови со 5,2 милијарди долари
Јапонија ќе одвои околу 600 милијарди јени (5,2 милијарди долари) од ребалансот на буџетот за 2021 година за поддршка на производителите на полупроводници, вклучително и водечкиот светски производител на чипови „Taiwan Semiconductor Manufacturing“ (TSMC) со кој Јапонија има договор, пишува магазинот Nikei
Како дел од пакетот стимулативни мерки, јапонската влада, според Nikei, ќе инвестира околу 400 милијарди јени во нова фабрика што ќе ја гради TSMC во префектурата Кумамото, во југозападниот дел на Јапонија, пренесува Reuters.
Тајванската компанија на почетокот на овој месец најави дека ќе изгради фабрика за чипови вредна 7,0 милијарди долари во Јапонија со групацијата Sony, што беше поздравено од јапонската влада.