Брачните кавги не се ниту нешто ново, ниту нешто необично. Разликите во мислењата се чести во врските, што доведува до кавги. Но…

Секој знае дека изнервирана сопруга може да биде многу опасна… Шала на страна, но оваа ситуација била навистина сериозна. Точно на 4 јули, еден богат човек од Кина влегол во непотребна расправија со својата избраничка на подземниот паркинг.

Како резултат, жената својот гнев решила да го истури врз скапоцените автомобили. Класичен домино ефект. Влегла во бордо BMW и удри во паркираното Ferrari GTC4Lusso, кое пак се забило во Porsche 918 Spyder. Германскиот автомобил го закачил и мотоциклот паркиран позади (BMW R18), а потоа удрил во Mercedes Е-класа. 

Штетaтa се чини сериозна, барем за првите три возила. Можеби може да достигне и стотици илјади евра. Поправка ќе има кај сите возила.

Е сега, кој ќе плати останува самите да си решат. Во секој случај, внимавајте каде се расправате со вашата поубава половина…