Видеото во кое пожарникарите се обидуваат да изгаснат пожар во едно Porsche стана вирално поради еден мал детал

Париз и Porsche како да не се во добри односи. По жолтата 911-ка превртена на кров во протестите на жолтите елеци кон крајот на минатата година, сега со еден Cayman се „пресметале“ париските пожарникари. Видеото нема опис и не е познато кога настанот се случува, но за многумина ќе остане запомнето.

Бидејќи снимателот зборува португалски, а видеото се појавило на фејсбук страницата на RJPC (Rio de Janeiro Porsche Club), за верување е дека е снимено од бразилски турист во Париз. Видеото покажува против пожарна единица во жарот на борбата со оган кој зафатил едно Porsche. Во потрага по изворот на оганот, тие се обидуваат да го отворат предниот капак на автомобилот. Според едни, тие навистина го барале моторот како потенцијален извор на оган, додека други тврделе дека го барале акумулаторот за да го обезбедат од пожарот.

Додека двајца пожарникари буквално ја преплавуваат со вода внатрешноста, останатите тројца се обидуваат да го отворат предниот капак. Кога конечно ќе им успее, следи изненадувањето – наместо мотор тука е багажниот простор. Тие брзо го губат интересот и си одат со незавршена работа.

https://www.facebook.com/RioDeJaneiroPorscheClubRjpc/videos/556065554891138/