Во пожарот што го зафати музејот „Top Mountain Crosspoint“ во Хохгургл, Австрија изгорени се над 200 историски мотоцикли

 

Објектот е во подножјето на планинскиот превој Тимелсјох (италијански „Passo Del Rombo“), па затоа беше музеј кој на најголема надморска височина во Европа – 2.175 метри. Овој пат ги поврзува и Јужен Тирол и Северен Тирол во Италија. Во изгорениот музеј се наоѓала најголемата и највредната колекција на мотоцикли не само во Австрија, туку и во Европа – дом на околу 230 мото олдтајмери, вклучително и класични модели од брендови како Brough Superior, Vincent, Matchless, Sunbeam, Zündapp и други (вкупно околу 100 производители).

Музејот е поврзан дури и со мото елитата, негов кум е Џакомо „Аго“ Агостини, а покрај тоа и место за изложби на класични автомобили. На ова место се одржувани и бројни изложби од историјата на скијањето, а тука е и култниот ресторан.

И покрај брзата интервенција на локалните противпожарни единици, постои страв дека повеќето (можеби и сите) мотоцикли се загубени во пожарот, бидејќи со пламен биле зафатени сите 3.000 квадратни метри од зградата. Пожарот избувнал околу 4 часот наутро по локално време. 

Навистина голема штета што еден вака фасцинантен музеј завршува на овој начин. Допрва ќе се утврдува што го предизвикало пожарот, иако е многу веројатно дека пожарот е намерно подметнат.