Според истражувањето на Eurostat, во 2017 година Романија била земја во која загинале најголем број на велосипедисти споредбено со вкупното население

Просекот на ЕУ во таа година бил 3,9 смртни случаи на велосипедисти во сообраќајот на милион жители, додека тој број во Романија е дури 10 настрадани велосипедисти. Според истражувањето на Eurostat, велосипедистите биле најбезбедни во Луксембург и Кипар, каде во 2017 година немало ниту еден загинат.

Податоците на Eurostat посочуваат дека Романија е исто така крајно небезбедна за пешаците. Во 2017 година е забележана најголема стапка на смртност кај пешаци во сообраќајни незгоди во ЕУ, при што загинале 37 пешаци на милион жители. Спротивен пример е Данска, со само три усмртени пешаци на милион жители.

Севкупно, бројот на загинати во сообраќајни несреќи во ЕУ во 2017 година бил околу 25.000. Скоро половина, или 46% од загинатите биле во автомобили, следат пешаците со 21%, а потоа следат мотоциклистите со 15%, велосипедистите со 8%…

Во 2017 година, во Романија имало 1.995 фатални несреќи. Од нив, 812 смртни случаи се пријавени во сообраќајни несреќи, 733 смртни случаи на пешаци и 191 смртни случаи на велосипедисти.