Ако се прашувате како изгледало да се видат автомобили на тркачка патека на почетокот од 20. век, снимките од King Rose Archive се токму она што ви треба

Замислете се себеси на почетокот на 20 век со некои од најзначајните пронајдоци кои го забрзале развојот во тоа време. Еден од нив е, се разбира, автомобилот, а некои богати луѓе и индустријалци одлучиле со некои од нив дури и да се тркаат. За луѓето кои живееле во тоа време, тоа веројатно бил вистински спектакл.

Ако се прашувате како изгледало да се видат автомобили на тркачка патека на почетокот од 20. век, снимките од King Rose Archive се токму она што ви треба. Станува збор за видео од трка „околу европските села“, а годината е 1902. Ова е импресивна архивска снимка со оглед на тоа што филмската камера станала мејнстрим само неколку години претходно, а била и многу скапа.

Со оглед на тоа што веќе во тоа време неколку пронаоѓачи и инвеститори почнале да се занимаваат со производство на автомобили, идентификувањето на точниот модел овде е предизвик. Сепак, фасцинантно е да се видат тркачки автомобили од пред 120 години во акција.

Она што го видовте во видеото е веројатно една од најраните забележани трки во историјата на мотоспортот. Google сугерира дека тоа би можело да бидат фрагменти од патеката Париз-Виена од 1902 година. Ако е така, таа трка ја освоил Марсел Рено, братот на Луис и Фернандо Рено чија чија компанија станува популарна токму поради публицитетот на Марсел. Останатото, велат, е историја…