Исклучоци што го потврдуваат правилото – зошто автомобилските гуми (скоро) секогаш се црни!? / ВИДЕО
Автомобилските гуми се скоро секогаш црни и има неколку причини за тоа, но има и неколку примери каде не е сè толку црно
Од моментот кога е измислен автомобилот, технологијата напредувала неизмерно многу и воведени се многу промени во производството. Но, една работа е иста – автомобилските гуми се сè уште црни. Автомобилските гуми се црни затоа што саѓите (денес се почесто се користат силикати за таа цел) се важен и неопходен дел од нивното производство.
Главната состојка на гумите е, се разбира, гума (каучук), која е мека и леплива на почетокот од производството. За време на вулканизацијата, во гумата се додава саѓи, што ја претвора во цврста маса и и дава цврстина. Овој процес го смислил Чарлс Гудјиар во 1839 година и до денес е еден од основните методи за производство на автомобилски гуми.
Иако е можно да се видат „олдтајмери“ со гуми со бели обрачи, тешко дека гумите со посветла боја наскоро ќе се пробијат на пазарот. Една од причините е секако дека поради прашината и нечистотијата од патиштата многу брзо би станале незабележителни.
Производството на гуми во различни бои е секако технички можно во денешно време, но нема широко распространета поддршка за таквата идеја.
Исклучоци има.
Тука е и компанијата Marangoni, која го произведува моделот „M-Power EvoRed“, црвени гуми кои може да се видат, на пр. на моделот Range Rover Evoque HFI-R или моделот „M-Power iGreen“ на Alfa Giulietta.