Интересно решение: Погледнете како работи холандски кружен тек!
Возачите мора да отстапат место на пешаците и велосипедистите кога влегуваат и излегуваат од кружниот тек
Велосипедистите на вакви кружни текови имаат свој надворешен прстен обоен со контрасна кафено-црвена боја, со велосипедски премини преку секој од четирите пристапни патишта. Тука се и пешачките премини преку зебра за секој пристапен пат. Возачите мораат да им отстапат место на пешаците и велосипедистите кога влегуваат и излегуваат од кружниот тек. Ширините на сообраќајните ленти на обиколницата исто така се намалени, а влезните и излезните места се дизајнирани за да ги поттикнат возачите да забават.