Интересно решение: Ford има нов мануелен менувач со кој возачот не мора да ја користи педалата на куплунгот!
Ford поднеl нов систем до Канцеларијата за патенти на САД, нов дизајн на мануелен менувач без потреба од користење на педалата на куплунгот. Наместо ножната педала, Ford дизајнирал електронска спојка со управувачки модул. Спојката автоматски се откачува кога возачот ја поместува рачката на менувачот и се вклучува по менувањето на менувачот.
Тоа го прави преку главен цилиндар поврзан со електричен актуатор за подигнување на притисокот на хидрауликата за ослободување на спојката. Дизајнот, кој овозможува додавање на педала за оние кои тоа го сакаат, е откриен во патентна пријава поднесена од Ford во декември 2018 година. Публикацијата Muscle Cars & Trucks, која првпат го претстави патентот овој месец, шпекулира дека новиот менувач без педала може да се користи во следната генерација на Mustang или во некој од SUV моделите од линијата Bronco.
Времето ќе покаже дали Ford може да ја намали производната цена на овој менувач и да го понуди во повеќе свои возила. Идејата е интересна, тоа е сигурно…