Интересно истражување: Дали фотографиите на куќи од Street View може да откријат колкава е веројатноста да доживеете сообраќајна несреќа
Се поставува прашање дали станува збор само за случајност и мал примерок или навистина постои некоја чудна врска на која софтверот за машинско учење ни укажува, а човечкото око не може да воочи таква врска
Дали можете врз основа на фотографија од нечија куќа, да се предвиди колкав е ризикот сопственикот на таа куќа да доживее сообраќајна несреќа? Иако се чини дека врска помеѓу изгледот на куќа и сообраќајни несреќи нема, двајца научници неодамна објавија една интересна студија која покажува дека можеби и има некоја „тајна врска“. Лукас Кидзински од Стенфорд и Кинга Кита-Војчеховска од факултетот од Варшава собрале податоци од една друштво за осигурување за околу 20.000 нивните клиенти од Полска, кои вклучуваат и домашни адреси, ги пронашле фотографиите од нивните куќи на Google Street View (особено внимание посветиле на староста и типот на живеалиште, како и одржувањето) и на тие податоци примениле софтвер за машинско учење.
Резултатите кои ги добиле биле доста изненадувачки, а научниците развиле модел за проценка на ризикот од сообраќајни несреќи кој се покажал поефикасен и попрецизен во однос на претходно тестирани модели кои се користат од страна на осигурителните компании.
Иако е тешко да се поврзат овие работи, научниците велат дека она што се гледа на фотографиите од живеалиштата може да послужи како модел за предвидување на сообраќајни несреќи, без оглед на класичните променливи кои вообичаено се користат, како што старост на домовите и населби во кои тие се наоѓаат.
„Ова откритие не е само чекор кон нов модел на проценка на ризикот, туку покажува еден нов пристап кон општествената наука која вклучува собирање и анализа на фрагментирани податоци од реалниот свет”, велат научниците кои учествувале во студијата.
На прв поглед, резултатите од оваа студија ни кажуваат: „Покажи ни ја куќата на Street View и ние ќе ви кажеме колкава е веројатноста да доживеете сообраќајна несреќа“, коментираат научниците за The Guardian, а ние и вие може само да се запрашаме дали е само случајност и мал примерок или навистина постои некоја чудна врска на која ни укажува софтверот за машинско учење, а човечкото око не може да воочи таква врска. На пример, дали лошо одржувано живеалиште и двор може да се поврзат со немарноста која луѓето мое да ја покажат и зад воланот?