Тимот од порталот Compare The Market направил споредба на цените на суперавтомобили по земји, а за пример е земен Porsche 911 Turbo S

Не е ништо ново дека цените на автомобилите варираат од земја до земја. Ова е резултат на бројни аспекти кои влегуваат во пресметката кога станува збор за формирање на цената на автомобилот. Од самата земја на потекло, преку различни нивоа на даноци и сите овие други давачки кои ги наметнуваат земјите при продажба на автомобилите. На пример, скандинавските земји имаат екстремно високи даноци, па така на пример VW Golf со мотор 1.0 TSI и без дополнителна опрема чини над 55 илјади евра. Затоа и не изненадува преминот кон електрични автомобили кои сега доминираат кога станува збор за бројот на регистрирани нови модели.

На удар особено се спортските автомобили, вклучително и Porsche 911 Turbo S. Порталот Compare The Market, кој се занимава со споредба на цени на различни маркети, направил интересна споредба. На прво место, изненадувачки, се наоѓа – Канада. Таму новиот 911 Turbo S можете да го набавите за „само“ 150 илјади евра! „Само“, бидејќи во однос на другите земји тоа е повеќе од добра цена за овој „спортист“. На пример, во веќе споменатата Норвешка, истиот автомобил чини дури 291 илјади евра. Ова не е „ништо“ во споредба со Сингапур, каде што клиентите за 991 Turbo S мораат да платат неверојатни 579.000 евра!

Еве ја комплетната листа, а цените се изразени во евра.

  1. Канада 150.373
  2. Мексико 153.923
  3. Велика Британија 171.567
  4. Јордан 172.161
  5. Кувајт 173.747
  6. САД 176.842
  7. Оман 177.018
  8. Русија 186.945
  9. Бахреин 187.014
  10. Ј. Кореја 195.875
  11. Доминиканска Република 204.215
  12. Саудиска Арабија 205.755
  13. Чиле 208.743
  14. Германија 212.711
  15. Белорусија 213.600
  16. Молдавија 215.000
  17. Луксембург 215.026
  18. Бугарија 219.049
  19. Естонија 219.360
  20. Франција 221.135
  21. Кипар 221.300
  22. Белгија 223.100
  23. Романија 224.145
  24. Италија 224.559
  25. Шведска 232.513
  26. Украина 234.109
  27. Јапонија 235.409
  28. Нов Зеланд 237.806
  29. Брунеи 238.197
  30. Панама 241.408
  31. Гватемала 249.142
  32. Шпанија 249.963
  33. Швајцарија 253.946
  34. Португалија 266.903
  35. Холандија 272.500
  36. Австрија 279.072
  37. Кина 282.656
  38. Либан 287.900
  39. Република Ирска 289.471
  40. Норвешка 291.548
  41. Колумбија 310.494
  42. Тајван 343.332
  43. Јамајка 365.084
  44. Финска 380.052
  45. Камбоџа 442.321
  46. ​​Пакистан 545.384
  47. Тајланд 574.750
  48. Виетнам 577.082
  49. Сингапур 579.654
  50. Аргентина 604.284