Директорот на специјални проекти Грант Ларсон автомобилот го нарекува „аналоген суперавтомобил во дигиталниот свет“.

Новото Porsche 911 Sport Classic потсетува на класичен автомобил не само поради „ducktail“ спојлерот и малку ретро графиката по него. Во салонот нема F1 рачки за менувачот на воланот, има мануелен менувач, а под нозете се три педали. Нема автоматска варијанта, ниту опција со погон на сите тркала.

Возачот ќе има на располагање 543 КС, со што 911 Sport Classic ќе биде најмоќниот автомобил на Porsche со рачен менувач кој се нуди. Како таков, некои би можеле да го наречат аналоген суперавтомобил во дигиталниот свет, а токму така го нарекува и директорот за специјални проекти на Porsche, Грант Ларсон.

Не би згрешиле ниту ако го наречете 911 Turbo S со рачен менувач, бидејќи Sport Classic се базира на тој автомобил со истиот 3.7-литарски твин-турбо мотор. Моќта се пренесува исклучиво на задните тркала, а добивате и керамички сопирачки, динамична контрола на шасијата, контрола на задната оска и активен систем за контрола на суспензијата – сето тоа како стандардна опрема.

Задниот дел, во споредба со 911 Turbo S, е проширен бидејќи Porsche сакал да му даде на автомобилот старомоден широк изглед. „Ducktail“ спојлерот, исто така, значително придонесува за оваа цел, оддавајќи почит на саканата 911 Carrera RS од 1970-тите. Ознаката на Porsche однадвор и внатре потсетува на некои од претходните дизајни на компанијата и невозможно е да не се забележи модерната интерпретација на класичните Fuchs тркала, со димензии ок 20 инчи напред и 21 инчи назад.

Како што можете да замислите, 911 Sport Classic вклучува многу помалку очигледни карактеристики на дизајнот што нема да ги најдете на другите модели. Меѓу нив е и покривот, изработен од пластика засилена со јаглеродни влакна. Хаубата е исто така направена од јаглеродни влакна, а ригите се исто така ексклузивни за Sport Classic. Клиентите можат да изберат кој било број помеѓу 1 и 99 или да изберат изглед без нив.

Ентериерот исто така е надграден за специјалното издание. Полуанилинската кожа е користена за прв пат по 918 Spyder, каде што е комбинирана со платнени влошки за седишта, платнени панели на вратите и дрвени облоги за да евоцираат спомени на доцните 1960-ти или почетокот на 1970-тите. Има и аналоген бројач на вртежи.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1btZJLSx1z7lqAEl5_eQ9tzeg-i24f3-s” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Планирани се 1.250 примероци за глобално производство, иако се уште не се знае колку ќе заминат во Европа, а колку во САД. 911 Sport Classic ќе биде достапен во четири бои, вклучувајќи црна, металик сива, металик сина или спортско сива металик. Клиентите ќе добијат и специјален часовник со тема Sport Classic, иако цената за него или за автомобилот се уште не е достапна.