На почетокот веднаш да нагласиме дека BMW нема апсолутно никаква врска со овој нов проект

Своевремено, малата Isetta го спаси BMW од речиси сигурна пропаст, така што заслужува посебно место во богатата историја на Баварците. Сега швајцарската компанија Micro ќе се обиде да го преземе концептот на Isetta.

Малиот автомобил под името Microlino светлото на денот го здогледа уште во 2016 година, а производството беше планирано да започне во 2018 година. Но, не ретко, кога станува збор за млади компании, целиот проект некако се оддолжи, за да во 2020 година биде претставено уште едно концептно издание. Деновиве светот конечно ја виде финалната сериска верзија под името Microlino 2.0.

Малиот Microlino ќе доаѓа во три варијанти: Urban, Dolce и Competizione. Како што може да се види, Швајцарците го користеле и италијанскиот речник, како и BMW со Isetta. Дизајнот на Microlinо не е значително променет и слободно може да се оцени дека „малиот“ е навистина шармантен.

Помалку јајцестата форма со прави линии и чисти површини буди спомени од некои други, одамна поминати времиња. Вратите се на предната страна на возилото, како што беше случајот со Isetta, додека фаровите се сместени во ретровизорите – решение кое ретко се гледа.

Microlino е дизајниран како двосед, а Швајцарците наведуваат дека покрај двете лица, во возилото има место за уште 230 литри багаж – што е далеку повеќе отколку што изгледа од фотографиите. 

Пред возачот е едноставен волан, како и дигитална табла со инструменти, додека во средината на контролната табла има минијатурен дисплеј чувствителен на допир, преку кој можете да пристапите до најважните функции.

Претставниците на брендот истакнуваат дека особено внимание посветиле на јачината на торзионата цврстина на ова возило, што дополнително ја подобрува динамиката на возење. Тие исто така наведуваат дека што се однесува до суспензијата, и напред и позади е мекферсон.

Електричниот мотор кој го придвижува овој урбан мал модел генерира 17 КС и 118 Nm, со максимална пик од 25 КС. Вкупната тежина на возилото е скромни 435 кг, што овозможува фини перформанси – за 5 секунди – 50 km/h, додека максималната брзина е 90 km/h.

Microlino нуди избор од три батерии, 6 kWh, 10,5 kWh и 14 kWh. Со најслабата батерија автономијата со едно полнење е 95 километри, со средната – 175 километри, додека со онаа со најголем капацитет може да се поминат дури 230 километри. Потребни се 4 часа (6 kWh и 14 kWh) за полнење на празна батерија до 80% од нејзиниот капацитет, додека полнењето на батеријата од 10,5 kWh трае 3 часа.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1GT2YmpxgAdKObaN9b8xNdltJwmtL01vO” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Почетната цена за Microlino ќе биде 12.500 евра (која ќе биде значително помало со субвенции во поголемиот дел од Европа). Од компанијата наведуваат дека се планира годишно производство од 7.500 примероци во нивната фабрика во Торино и дека тие веќе имаат повеќе од 24.000 нарачки за микро електричниот автомобил.