Иновација од Pirelli: Прва гума која што може да го прилагоди газниот слој при возење!
Во зимски услови, со ниски температури, жлебовите на газниот слој остануваат отворени за да се обезбеди подобро лежење на подлогата со снег, а се затвораат при сопирање во влажни и суви услови.
Pirelli ја лансираше најновата All Season гума, Cinturato All Season SF2, која е дизајнирана да обезбеди широк опсег на перформанси и во зимски и во летни услови. Компанијата вели дека ова е можно поради ново дизајнираното соединение и примерок на газниот слој кој автоматски се прилагодува на различните температурни врвови во лето и зима. Во зимски услови, со ниски температури, жлебовите на газниот слој остануваат отворени за да се обезбеди подобро лежење на подлогата со снег, а се затвораат при сопирање во влажни и суви услови, зачврстувајќи ги блоковите на газниот слој и создавајќи подобро налегнување на површината на патот. На SF2 ламелите се линеарни, не цик-цак како типични зимски гуми. Ова е затоа што тие треба да функционираат и во текот на летото.
Гумите за цела година долго време беа голем проблем, бидејќи производителите не им успеа досега да ги усогласат спротивставените временски услови, односно ниските зимски и високите летни температури. Затоа и перформансите не беа идеални. Времето ќе покаже дали оваа гума е решение за проблемот.