Наместо да ја стави даската под погонските тркала, возачот ја врзал даската за тркалото

Нов „гениј“ штотуку им се придружи на стотиците бизарни видеа кои секојдневно се појавуваат на социјалните мрежи. Сепак, за разлика од повеќето бескорисни видеа, ова може да биде многу корисно за возачите.

Во приложеното видео можете да погледнете трик како да извадите автомобил од кал.

Наместо да ја стави даската под погонските тркала, возачот ја врзал даската за тркалото.

Иако излегувањето од калта на видеото поминало без проблеми, овој иновативен начин може да биде и опасен, но и штетен за автомобилот.

Ако одлучите да го направите овој маневар, се подразбира дека бандажите на вашиот автомобил имаат доволно големи отвори за јажето и внимавајте да не оштетат ниту еден дел од автомобилот, особено сопирачките од внатрешната страна на тркалата.