Иновативен кампер: Со едно притиснување на копче, се претвора во куќа на спрат!
За целосно да уживате во овој кампер, на задната страна е поставен дури и лифт
Најновиот прототип на кампер на кинеската марка Maxus навистина изненадува со неговите карактеристики. Откако ќе го паркирате, можете да го проширите просторот во него, а со притисок на копче добивате и тераса за уживање. Еден притисок на копче е доволен за да се затемнат стаклените sидови за да имате малку приватност.
За целосно да уживате во овој кампер, на задната страна е поставен дури и лифт и нема потреба од скали. Дневната соба може да се прошири во простор за седење во форма на буквата L до 20 m2, вклучувајќи OLED телевизор, кујна со фрижидер, печка, бања…
Прототипот на оваа иновативната куќа на тркала веќе предизвика позитивни реакции на кинескиот саем. Останува прашањето дали овој кампер навистина ќе влезе во производство, со оглед на високата цена од над 340.000 евра. Возилото во моментов може да се нарача само во Кина.
Патем, Maxus е дел од кинеската државна компанија SAIC (Shanghai Automotive Industry Corporation), еден од најголемите производители на автомобили во таа земја.