Илон Маск ги поместува границите: „Tesla Cybertruck ќе биде водоотпорен и ќе може да служи како брод“
Извршниот директор на Tesla најави дека Cybertruck ќе може да плови околу десет километри
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, објави дека новиот модел Cybertruck ќе биде „доволно водоотпорен за накратко да послужи како чамец што може да поминува низ реки, езера и мориња кои не се премногу разбранувани“. Во коментар под сопствената објава, Маск вели дека Cybertruck ќе може да плови околу десет километри.
Cybertruck will be waterproof enough to serve briefly as a boat, so it can cross rivers, lakes & even seas that aren’t too choppy
— Elon Musk (@elonmusk) September 29, 2022
Cybertruck беше претставен на крајот на 2019 година и беше подготвен за производство и испорака на крајот на 2020 година, но Tesla го одложуваше во неколку наврати поради недостаток на простор за производство. И покрај тоа што дизајнот е одамна финализиран, поради недостиг на делови и ограничувања во синџирот на снабдување, производството сè уште не е започнато.
Според последните информации, производството ќе започне на почетокот на следната година во Gigafactory во Тексас.
За потсетување, најмоќната верзија на Cybertruck има три електромотори, погон на сите тркала и забрзува до 100 km/h за три секунди. Досегот е над 800 km со максимална брзина од 209 km/h.