Бројот на изпораки вели дека продажбата на нови автомобили произведени во Кина во текот на минатиот месец во Австралија ги надминале оние произведени во Германија и Америка, што е првпат во историјата на автомобилизмот

Резултатот воедно е и последица на растот на продажбата од 156% во споредба со првиот месец од 2020 година.

Врз основа на продажните резултати регистрирани на австралискиот пазар за 2020 година, и со раст од 70% во споредба со 2019 година, Кина застана на позицијата шест по големина земја по потеклото на произведени моторни возила во светот, а сега, врз основа на продажбата во јануари во земјата на кенгурите се пробива на четвртото место, веднаш зад Јапонија, Тајланд и Јужна Кореја.

Официјалната статистика за продажба за претходниот месец беше објавена денес, а со нив излезе Сојузната комора на автомобилската индустрија, во која се наведува дека 4.198 возила монтирани во Кина го нашле патот до срцето на австралиските купувачи. Во исто време се испорачани 3.078 германски автомобили, односно 2.056 американски автомобили.

Кинеските автомобили на ранг листата се наоѓаат меѓу Американците, кои ги престигнаа во август 2020 година, и Германците. Сепак, во јануари зад Кинезите се и Германците што е преседан во досегашната историја.

Меѓу кинеските брендови, најголем скок во јануари забележале MG и LDV. И двата бренда се контролирани од конгломератот SAIC. Се издвојува и неодамна преименуваниот GWM Haval, кој почнувајќи од јануари ги обединува продажните достигнувања на двата бренда (кои се споени во единствено име).

На крајот на краиштата, погледнете ја табелата, која може да биде индикативна и во глобална смисла:

ЗЕМЈА НА ПОТЕКЛО Јануари 2021. % промена
Јапонија 29.275 29,6%
Тајланд 16.903 -6,1%
Јужна Кореја 11.516 11,5%
Кина  4.198 156%
Германија  3.078 -42%
САД  2.056 -38%