Официјално камерата за брзина не е одобрена за брзини поголеми од 300 km/h

Белгиец, кој минатата година бил фатен од камера за мерење на брзина од 306 km/h на патниот правец E313 во близина на општината Лиеж во Битсинген, не мора да очекува казна. Зошто? Бидејќи мобилната камера за брзина не е одобрена за брзини поголеми од 300 km/h.

Станува збор за мобилна камера за контрола на брзината, која е поставена покрај автопатот. Во октомври минатата година опремата утврдила дека мажот поминува со брзина од 306 km/h и го регистрирала прекршителот, но како што сега се дознава, возачот сепак нема да биде казнет. Тоа е затоа што правилата за камерите во Белгија се пропишани со таканаречен кралски декрет и максималната брзина за предметниот тип е поставена на 300 km/h. Ништо над тоа не е валидно.