И SEAT се електрифицира – пристигнува Born (ФОТО)
Шпанската подружница на Volkswagen, SEAT, до 2020 година ќе влезе на пазарот на електрични автомобили
Веќе се појавија првите фотографии од моделот на кој сметаат во SEAT, а хеџбекот со големина на Leon најверојатно ќе се вика Born.
Името Born доаѓа од шпанските зборови El Born, што значи роден, а SEAT го земал инспириран од еден од најпознатите делови на Барселона под тоа име, пред се затоа што овој град го гледа како идеална локација за електрични автомобили.
Додека надворешните димензии ќе бидат слични со оние на моделот Leon, а сепак пократок од SUV моделите, Leon ќе понуди значително повеќе простор во салонот.
Првиот електричен SEAT ќе биде изграден на платформата MEB. SEAT Leon речиси сигурно ќе ја следи патеката изградена од VW со најавената I.D. генерација на електрични возила.
Возилата на MEB платформа ќе бидат со слични димензии како следната генерација на Golf, но со подолго меѓуоскино растојание за да понудат поголем простор во салонот – приближно како Passat.
Се очекува цената на Born да биде биде слична како и за малиот SUV Ateca, исто како и VW I.D. возилата за кои компанијата од Волфсбург најави дека ќе бидат приближни како за дизелски Golf, а тоа е околу 28.000 евра.
SEAT's first electric car is due in 2020, could take the 'SEAT Born' name | Auto Express https://t.co/06ct1ENS7l pic.twitter.com/N239oTdv5C
— Evans Electric (@tsport100) February 2, 2018