Градските власти на Лос Анџелес имаат исклучително амбициозни планови

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, неодамна ја претстави еколошката стратегија на градот за наредниот период. Првата цел е до 2025 година 25% од возилата кои се на улиците на оваа метропола да бидат исклучиво на електричен погон. До 2035 година процентот треба да порасне до 85%, за да до 2050 година, возилата со мотор со внатрешно согорување и исчезнат од патиштата во овој град во Калифорнија.

Според истата стратегија, сите училишни автобуси треба да бидат возила кои не емитуваат штетни гасови до 2028, доставните возила до 2034, а слични се барањата и за такси-возилата – преод на електрична енергија до 2028 година.

Секако за реализација на вака амбициозни планови, потребна е соодветна поддршка со инфраструктура, па затоа градоначалникот на Лос Анџелес има намера да изгради 20 големи „авто плоштади“ со суперполначи долж целиот град.

Ерик Гарсети истакнува дека целта е жителите на „градот на ангелите“ во нивните возила да поминуваат што помалку време, односно поголема употреба на јавниот превоз. Во моментов, просечен жител на Лос Анџелес секој ден возил околу 24 километри, а градоначалникот смета дека е можно да се собори овој просек на само 14 километри до 2035 година со помош на добро организиран и достапен јавен транспорт.

„Лос Анџелес мора да ги предводи промените, но и целиот свет треба да реагира. Се надевам дека токму ние ќе станеме пример не само за сите градови во САД, туку и во светот“, вели Ерик Гарсети во интервју за LA Times.