И Кинезите го избираа автомобилот на годината
Носител на титулата „2020 China Car of the Year“ е новата генерација на Mazda3
Јапонскиот компактен модел е победник во конкуренција на 194 нови автомобили, благодарение на жирито од 38 члена.
Новата Mazda3 во Кина се продава исклучиво во седан верзија и се произведува во локалната фабрика за автомобили Changan Mazda.
Наградата следува откако минатата недела Mazda3 беше прогласена и за Тајландски автомобил на годината, а истиот модел ја освои и наградата за Најдобар автомобил на годината во изборот на жените на Саемот за автомобили во Дубаи во средината на ноември.
Mazda3 е исто така во конкуренција за престижната титула Европски автомобил на годината 2020, која ќе биде доделена на Саемот за автомобили во Женева на 2 март следната година.
Инаку, жирито што одлучувало за кинеската награда, во претходните години за автомобил на годината генерално избирало поголеми и полуксузни седани, така што минатата година титулата минатата година припаднала на Lexus ES, а една година претходно на Volvo S90. Претходно, наградата ја добила продолжената E-класа на Mercedes-Benz.