„И Бетмен ќе вози на струја“ / ВИДЕО
Првиот функционален електричен Batmobil во светот е создаден во Виетнам
Станува збор за реплика на модел од филмот на Кристофер Нолан „The Dark Knight“ од 2008 година, направен од студент по архитектура.
Неговото име е Нгујен Дак Чунг, има 23 години, а во последните две години работи на верна реплика на овој Batmobil во природна големина. Тоа е првиот целосно електричен Batmobil направен во природна големина, и очекувано – побрз и поеколошки од филмската верзија на Нолан.
Значи, станува збор за целосно функционално електрично возило долго 3,6 метри, широко 2,6 метри и високо 1.5 метри, а вкупната тежина на возилото е околу 600 килограми, бидејќи е направено од панели изработени од 3D печатена ABS пластика, јаглеродни влакна и други композити, поставени околу челична цевкаста конструкција. Возилото има и литиум-јонски батерии (со непознат капацитет), кои го придвижуваат електричниот мотор (необјавена моќност). Сепак, она што се знае е дека максималната брзина на Batmobile е 104 km/h и дека може да прими две лица..
Хидрауличната врата се отвора, како што прилега, преку далечински управувач, а од дополнителната опрема авторот посочува 4 тактички камери кои ја снимаат сцената околу возилото во 360°. Освен за „навремено забележување на злите криминалци“, тие наводно се корисни и при маневрирање, особено кога се совладуваат остри кривини. Видливоста од кабината, се чини, не е голема.
Уникатниот електричен Batmobil моментално е изложен во галеријата Ван Дарил во најголемиот виетнамски град Хо Ши Мин Сити (познат и како Сајгон). Таму можете да го видите на барање, но и да разговарате за можно купување, иако цената не е наведена.