
Huawei P20 Lite доби рецензија, а сеуште не е претставен! / ВИДЕО
Се чини дека еден италијански трговец јавно го покажал новиот Huawei P20 Lite, што некој друг го искористил за краток видео со рецензија.
Така, меѓу другото, можно е да се види како изгледа софтверскиот интерфејс EMUI на Huawei и како се прилагодува лентата на врвот на екранот.
Уредот на видеото има две камери на задниот дел и една на предната страна, што е во согласност со претходните гласини за P20 Lite.
Судејќи според снимките, овој паметен телефон ќе има 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, четири GB RAM и FHD + екран со дијагонала од 5,84 инчи (14,8 сm), со минималистички рам, што треба да бидае вграден во поевтини модели.
Тука се и 8-јадрениот процесор, 64GB меморија, капацитет на батеријата од 3.000 mAh и Android 8 Oreo.
Што се однесува до цените, се споменува 369,9 евра.
Официјалната промоција на новиот Huawei P20 е закажана за 27 март.