Иако компанијата сè уште е прилично тивка, велат дека E-Direct Drive е „електричен погон со најголема густина на моќност во светот“

Tushek TS900 Apex официјално ќе биде претставен на 21 април, а станува збор за  словенечки хибриден хиперавтомобил кој досега е најлесниот на планетата Земја. Планирани се само 36 единици од TS900 Apex и 12 од TS900 RacerPro.

Ова второт издание ќе биде само варијанта за тркачка патека, со однос на моќност и тежина од 1,13 КС на 1 килограм, додека Apex ќе има сооднос од една метричка коњска сила спрема еден килограм. Иако компанијата сè уште молчи за некои детали, тие велат дека E-Direct Drive е „електричен погон со најголема густина на моќност во светот“. Опремен е со пар електромотори кои достигнуваат бројка од 1351 КС со помош на 4,2-литарски V8.

„Како компанија и бренд фокусиран кон совршенство, ние постојано воведуваме иновации за да обезбедиме нашите клиенти да го добијат она за што плаќаат на пат и патека“, вели главниот комерцијален директор на Tushek, Драгос Георгиу. „Купувањето на Tushek е повеќе од уникатно искуство, тоа е нешто што ќе го паметите до крајот на животот, а сакавме да почекаме додека не се заврши со инженерингот на автомобилот за да се увериме дека сопствениците точно знаат во што инвестираат“, додава тој.

Tushek TS900 Apex секако има изглед на суперавтомобил, па ќе биде интересно да се види како може да биде прифатен од оние кои можат да си го дозволат. Кога сите ваши пријатели имаат мејнстрим суперавтомобили, ова може да биде одличен начин да се истакнете.

Како што веќе споменавме, глобалната премиера ќе се одржи на првиот инаугуративен Salon Prive во Лондон на 21 април, а ќе заврши на 23 април. Tushek е само еден од многуте производители кои ќе присуствуваат на саемот, вклучувајќи ги Ferrari, Lamborghini, Porsche и Rolls-Royce.