Honda се подготвува за хаосот кој може да настане поради Brexit
Потенцијално сериозна загрозена поради излегувањето на Велика Британија од ЕУ, Honda соопшти дека се подготвува за евентуално зголемување на залихите или редистрибуција на производството во други земји
Јапонскиот производител, кој во Свиндон го произведува Civic, би можел да се соочи со проблеми во синџирот на снабдување, производството и испораката, доколку во сила влезат новите правила на границите на Велика Британија од 29 март, кога оваа островска држава треба да ја напушти Европската унија.
„Со цел да се избегнат сите можни нарушувања на крајот од март, се вршат бројни подготовки, вклучувајќи прераспределба на дел од производството и создавањето на залихи“, вели Сеиџи Кураиши, главниот оперативец на Honda.
Производителите на автомобили во Велика Британија предупредуваат дека нивните фабрики, кои се потпираат на константно снабдување со делови со цел остварување на циклусот на производството, можат да бидат исклучително оштетени ако Велика Британија ја напушти ЕУ, а трговскиот договор не пројде.
Претходно овој месец, Honda објави дека ќе го запре производството во Велика Британија на шест дена во април, што треба да и помогне на компанијата да се справи со потресите и хаосот што потенцијално ќе ги предизвика Brexit.