Акцентот е ставен на минимализмот

Honda неодамна на авто салоното во Шангај го претстави E-Prototype SUV концептот, претходник на идните сериски електрични возила на компанијата. Во тој момент достапни фотографии од ентериерот немаше, но сега имаме достапно видео кое на подетален начин го прикажува идниот дизајнерски јазик на јапонската марка кога станува збор за автомобилскиот ентериер.

Таканаречената „едноставнот и нешто“ (Simplicity And Something) филозофија на дизајнот се заснова на класичен амбиент во кој возачот е во фокусот на настаните, слично на раните возила на Honda. Главниот фокус на јапонскиот производител е на поедноставување на комплетната внатрешност, што треба да создаде понапредно корисничко искуство. Друг клучен елемент е пристапот до максимизирање на просторот во кабината и истовремено минимизирање на просторот потребен за механичките и електронските компоненти.

„Едноставноста на дизајнот бара не само убедлива филозофија, туку и дисциплина поврзана за постигнување корисничко искуство“, вели Џонатан Норман, креативен шеф на дизајнот на ентериер на Honda во САД. „Слушнавме од дизајнери кои работат за други брендови дека се инспирирани од едноставниот, ориентиран кон возачот дизајн на старите Honda модели. Па, и ние сме! “

Едно нешто што нема да се промени толку многу во однос на сегашниот дизајнерски јазик за внатрешноста на јапонската марка е фокусот на тенки столбови, големи стаклени површини. Ова создава чувство на просторност и прозрачност во кабинскиот простор, како и голема прегледност.

„Нешто“ во името на дизајнерската филозофија на Honda се однесува на желбата да се создаде ентериер кој е емотивно поврзан со сопственикот. Ова се изразува преку модерни детали за дизајнот, како што се „внимателно направена облога на рачката или шармот на материјалот”. Генерално, „едноставноста“ ќе биде дизајнерскиот јазик на Honda, применет за целиот асортиман, додека „нешто“ ќе се однесува на персонализацијата и уникатната привлечност на секој модел поединечно.