Honda лансира засебна палета на модели за off-road возење
Новата марка SUV на Јапонците ќе се вика Trailsport
Кон крајот на март, Honda поднела барање до Канцеларијата за патенти на САД за запишување на трговската марка Trailsport. Под ова име на пазарот во САД ќе бидат достапни само „тешки“ теренци на јапонскиот производител.
Honda планира цела палета на вакви автомобили, кои ќе треба да се стекнат со имиџ на брутални модели за сите терени и со тоа да стана попривлечни во очите на потенцијалните купувачи. Овој пристап веќе го користи Subaru, кој лансираше свој подбренд – Subaru Wildermess.
Се очекува моделите со логото на Honda Trailsport да се разликуваат од стандардните модели во однос на зголеменото растојание од подлогата, дополнително прилагодена суспензија, дополнителна заштита на каросеријата, гуми за сите терени и сет нови додатоци.
Еден од првите автомобили во новото семејство ќе биде пикапот Honda Ridgeline, кој беше сериозно надграден минатата есен. Моделот целосно го смени имиџот за да изгледа како модерен американски пикап, но ги задржа старите технички параметри и детали.
Кросоверите Honda CR-V и Pilot исто така ќе добијат верзии Trailsport, а ќе им се придружи и Honda Passport, дизајниран токму за возење по тешки терени.