Honda HR-V наскоро во Европа – исклучиво како хибрид / ФОТО+ВИДЕО
Honda HR-V e:HEV пристигнува во продажните салони на Стариот континент до крајот на годината
Honda го претстави новиот HR-V за европскиот пазар на почетокот на оваа година.
Автомобилот има додаток на името, e:HEV во името, како и другите хибридни Honda модели (CR-V и Jazz), а во срцето на хибридниот погон е 1.5-литарски DOHC i-VTEC бензински мотор помогнат од електричен мотор.
Вкупната моќност на погонскиот систем е 131 КС (96 kW), а максималниот вртежен момент е 253 Nm. Тоа е доволно за Honda HR-V e: HEV да забрза од 0-100 k/h за 10,6 секунди, велат од јапонскиот производител.