Honda го претстави својот втор електричен автомобил – HR-V e:HEV / ФОТО+ВИДЕО
Јапонците се посериозно се движат кон електрификација
Овој пат е претставен дериват на тазе конвенционалниот модел, кој во Европа ќе биде достапен само како хибрид. Станува збор за кросоверот со ознака HR-V, кој е донатор за моделот e:NS1, како втор чисто електричен модел на јапонската марка.
Откако управата на Honda одлучи да го отстрани превезот од концептното издание пред неколку месеци, немаше никакви детали во врска со техничките спецификации на очекуваната сериска верзија. Денес, со претставување на кинеската верзија, се е многу појасно… Меѓу другото дека ќе го видиме и во Европа.
Honda e:NS1 е вториот модел во гамата чиј незаменлив дел од индексот ќе биде буквата „e“, а единствениот пазар на кој првично ќе се најде исто така ќе биде најважниот, односно Кина како најголем автомобилски пазар.
Кросоверот e:NS1 во Кина пристигнува пролетта 2022 година, со најава од компанијата дека ќе се понуди и на други континенти, вклучувајќи ја и Европа. Треба да се нагласи дека ова е само почеток на серијата на Honda наречена „e:N“, со оглед на фактот дека има неколку нови модели од споменатата линија на јапонската марка кои чекаат во ред за премиера.
Honda претстави неколку концепти кои ни даваат идеја за претстојните модели на батерии
Моделот e:NS1 добил батерија од 68,8 kWh, што е очигледно значително повеќе од она што го нуди малата Honda e, со која ја дели платформата. Јасно е дека архитектурата е сериозно издолжена во овој случај. Новината ќе добива енергија од еден електричен мотор со моќни 204 „коњски сили“, додека автономијата ќе изнесува 500 километри, истакнувајќи дека правилата за мерење се пропишани со стандардот WLTP.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1fY4Vs6wAmszGj85-Q-aheBAwitMOKfZ5″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Honda планира да лансира девет нови модели на електрични автомобили ширум светот во рок од пет години. Сепак, тоа не значи дека секој од најавените новитети е глобален, но некои од нив сигурно ќе стигнат и кај купувачите од Стариот континент.