При спомнувањето на овие три збора, срцето на многу автомобилски ентузијасти чука побрзо – Civic Type R. Многумина знаат да речат „секоја чест за Golf GTI и другите, но hot-hatch моделот на Honda е навистина посебен“, без оглед за која генерација станува збор

Токму затоа, изданието cars.co.za на едно место, на патеката во Кејптаун, Јужна Африка ги собрало сите генерации. Тука е првата генерација EK9, моноволуменот EP3, европските FN2, FK2 со 310 КС и тековниот FK8 за американскиот пазар. За да се комплетира целата работа, тука е и јапонска FD2 верзија.

За почеток, треба да се знае дека собирот не е трка. Сосема е јасно е дека петтата генерација би била победник како поради технолошката супериорност, така и поради поголемата моќ… Сепак, со кој Civic Type R е највозбудливо да се вози?.

Важно е да се напомене дека првите три генерации се напојуваат со атмосферски мотори, за разлика од турбо FK2 и FK8. Иако водителите имаат различни заклучоци, нивниот избор е секако интересен.

Погледнете сами!

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1WpYJ0OIgXEP6BH_pCt7ghFpnUw2YgmS5″ mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]