Холанѓаните имаат нов начин за казнување на алкохолизираните возачи
Во Холандија е воведена радикална мерка за следење на возачите кои во алкохолизирана состојба предизвикале некаков сообраќаен инцидент и кои за тоа добиле условна казна
Сите возачи кои се на условна слобода, добиваат специјален уред кој се поставува околу ногата, кој преку анализа на потта, постојано ја следи нивната состојба.
Уредот ја следи состојбата на возачот 24 часа на ден и го мери нивото на алкохол на секои половина час, а податоците ги испраќа до службата за набљудување на сообраќајните престапници.
Всушност станува збор за пилот проект кој покажал дека дури 71% од корисниците се откажале од консумирање алкохол откако околу ногата им бил поставен уредот за следење.