Во Холандија на сила стапи законот за максимално ограничувања на брзината на автопат од само 100 km/h

Ограничувањето е со едноставна цел – да се намалат емисиите на штетни гасови. За оние кои незнаат, при поголема брзина, автомобилите трошат повеќе гориво, а со тоа испуштаат и повеќе штетни емисии. Голем проблем за земјата на лалињата е што многу автопати поминуваат буквално низ населени места, а со тоа ефектот на издувни гасови е уште полош за човечката популација.

Сепак, не сите автопатишта ќе имаат максимален лимит на брзината од 100 km/h. На одредени делници и понатаму ќе може да се вози со брзина од 130 km/h, но само од 18 до 7 часот наутро.

Владата на Холандија очекува дека регулирањето на брзината и спуштањето на прагот ќе помогне значително да се намалат емисиите. Холандија бележи големо зголемување на продажбата на електрични и хибридни возила, а владата планира серија мерки за да ги охрабри луѓето да купуваат што повеќе модели со ниска или нулта емисија.