Забраната ќе стапи на сила од 1-ви јули, а целта е намалување на бројот на несреќи во велосипед

Холандија планира да ја забрани употребата на мобилни телефони додека се вози велосипед, а казните за сторителите ќе се движат до 95 евра.

Забраната ќе стапи на сила од 1-ви јули, а целта е намалување на бројот на несреќи во велосипед.

Во 2017 година, на велосипед во Холандија загинале 207 луѓе, а според аналитичарите мобилните телефони се виновни за секоја четврта велосипедска несреќа.

„Нивната употреба при возење велосипед е опасна“, вели министерот за правда Фердинанд Граперхаус. „На луѓето јасно ќе им посочиме дека ова е нова регулатива во сообраќајот и имаме намера да бидеме многу строги“, дополнува министерот.

Велосипедистите додека возат често посегнуваат по мобилниот телефон, дали за да разговараат, за да слушаат музика, па дури и да пишуваат пораки.

За споредба, користењето на мобилен телефон додека се вози автомобил, во Холандија е одамна забрането, а паричната казна изнесува 240 евра.