Соработката на BMW со композиторот и добитник на Оскар Ханс Зимер ќе се прошири и на производи надвор од „i“ гамата

BMW M објави дека Ханс Зимер и Ренцо Витале, креативен директор за звук на групата BMW M, произвеле препознатлив звук за возење специјално за електричните М автомобили

„Секое BMW има свој карактер, кој се рефлектира во звукот што го создава“, вели творецот на филмска музика и добитник на Оскар, Зимер. „Така за BMW M моделите со електричен погон развивме звук за возење кој особено живо го нагласува нивното емотивното возачко искуство и гарантира дека нивните перформанси може да се почувствуваат со уште поголем интензитет“.

Првиот М модел кој добил посебен звук е идниот BMW i4 M50, врвниот модел од новата серија i4 електрични модели. BMW наведува дека звукот за време на возењето ја препознава состојбата во возилото и личните желби на возачот. Може да се активира и со притискање на копче. Во режимот Comfort, звукот создава пријатна атмосфера во автомобилот. Но, кога сте во Sport режим, испорачаниот звук е посилен и подоминантен. Само кога возилото е во режим Eco Pro, аудио-повратните информации се сведени на нула.

Покрај тоа, BMW напоменува дека звукот во i4 M50 има потехнички профил и е многу попривлечен. „Кога ќе ја притиснете педалата на М автомобилот, веднаш ќе сенаежите по цело тело“, вели дизајнерот на звук Ренцо Витале. „Ова чувство го преточивме во звук на возење кој изразува комбинација на супериорна моќ и енергија на проток.“ Ханс Зимер и Ренцо Витале заедно веќе го развија звукот за возење за BMW Vision M NEXT прикажан во 2019 година и BMW Concept i4. IconicSounds Electric доаѓа стандардно кај BMW iX и е достапен како опција за BMW i4.

Идните BMW M автомобили со електричен погон исто така ќе добијат посебни звуци.