Gulf Oil ја отвори новата бензинска станица покрај автопатот Е75 во Гевгелија
На само шест километри по влезот во Македонија од граничниот премин со Грција кај Гевгелија, се отвори новата модерна бензинска станица под брендот Gulf Oil
Следејќи ги високите светски стандарди на американскиот бренд, новата бензинска станица во Гевгелија, на површина од 2.566 м2 располага со современи пумпи, паркинг простор за лесни и тешки моторни возила, просторни тоалети опремени со тушеви, мини маркет со широк асортиман, „WI-FI“ интернет, а наскоро започнува со работа и модерен ресторан.
Новата бензинска станица на своите потрошувачи им ги нуди врвните моторни масла на Gulf Oil, како и премиум горивата на светскиот бренд – Xtream Diesel и G-Force Euro Unleaded 95+, кои го подобруваат вбризгувањето на горивото во моторот, ја намалуваат потрошувачката на гориво и овозможуваат оптимално согорување на горивото.
Брендот Gulf Oil повеќе од 100 години ја гради својата традиција како глобален бренд етаблиран и присутен во повеќе од 100 земји на сите континенти.
Уште една потврда за врвниот квалитет е партнерството со еден од легендарните тркачки брендови во Formula 1 – McLaren, а од оваа година супер брзите автомобили на McLaren Automotive ќе ги користат моторните масла и специјано дизајнираните горива за мотори со високи перформанси на Gulf Oil.
(ПР-текст)