Грција ќе субвенционира набавка на електрични автомобили
Грчката држава ќе обезбеди еколошки бонус или субвенции за физички лица, компании и такси-служби, за набавка на електрични автомобили, мотоцикли, велосипеди и ванови
Документот е дел од еден сеопфатен план за „зелен транспорт“ и подобрување на квалитетот на животот, кој премиерот Киријакос Мицотакис ќе го претстави на 5 јуни – Светскиот ден на животната средина.
Предлог-законот, исто така, вклучува и даночни олеснувања за компаниите кои ќе одлучат да користат електрични автомобили и електричен транспорт во јавниот сектор. Сопствениците на електрични автомобили се очекува да користат бесплатен паркинг.
Првиот електричен автомобил е предаден во грчкиот парламент кон средината на февруари, а претседателот Константинос Тасулас тогаш изјави дека 26 пратеници ќе ги заменат своите службени автомобили со електрични.