Голфери спасувале „жива глава“: 60-годишна жена во теренец бегала од полиција преку терен за голф! / ВИДЕО
Шеесетгодишната жена се соочува со долг список на обвиненија, меѓу кои и „тежок напад со смртоносно оружје…“
Луксузниот терен за голф Grand Harbour во Vero Beach на Флорида пред неколку денови доживеал многу „акција“, откако пијана жена се обидела да го искористи теренот за да избега од полицијата. Според шерифот на округот Indian River, инцидентот започнал откако заменик се обидел да ја застане 60-годишната Џоди Ен Харви. Таа имала други планови и почнала да бега.
Иако ова не е премногу изненадувачки за Флорида, потерата добила драматичен пресврт откако Џоди Ен ги пробила портите на Grand Harbour теренот за голф. На снимката од надзорните камери се гледа како двата заменици бркаат жена низ теренот.
Џоди Ен во нејзината Toyota 4Runner потоа за малку ќе удрела во паркирана голф количка и група многу збунети играчи. Потерата потоа се враќа на патеката, но замениците потоа решаваат да ја завршат работата и изведуваат таканаречен PIT маневар. Маневарот успева и Toyota-та се врти за 180 степени.
Џоди Ен е уапсена, а за среќа, објавила канцеларијата на шерифот дека никој не е повреден, иако сите три возила вклучени во потерата се оштетени. Шеесетгодишната жена се соочува со долг список на обвиненија, вклучувајќи „тежок напад со смртоносно оружје, бегство од полиција и напад на полицаец/пожарникар/ болничар.