Големиот теренец на Ford е подготвен да го освои европскиот пазар / ФОТО+ВИДЕО
Американскиот производител објави технички детали и цена на SUV моделот Explorer со plug-in хибриден погон
Ford го најави пристигнувањето Explorer PHEV во Европа уште минатата година, за сега овој модел конечно да се појави во изложбените салони во Германија.
Explorer Plug-In Hybrid (PHEV) како погон користи 3.0-литарски V6 бензински EcoBoost мотор и електричен мотор кои заедно произведуваат 457 коњски сили и 825 Nm максимален вртежен момент. Електричната енергија се чува во литиум-јонска батерија од 13,6 kWh.
Во чисто електричен режим на возење, овој SUV може да патува до 42 км пред целосно да се испразни батеријата и да се вклучи бензинскиот мотор. Просечната потрошувачка е 3,1 л / 100 км, а емисијата на СО2 е 71 g / km. Двата податоци се добиени врз основа на мерниот стандард WLTP.
Батеријата на домашен приклучок од 230 волти може да се наполни за 5 часа и 50 минути, додека ова време се скратува на 4 часа и 20 минути ако се користи опционален полнач Ford Connected Wallbox или јавна станица за полнење со слични карактеристики.
Бензинскиот EcoBoost е поврзан со 10-степен автоматски менувач, додека моќноста се пренесува на сите 4 тркала преку Intelligent All-Wheel Drive системот. Возачот на располагање има дури седум претходно дефинирани режими на возење.
Explorer PHEV може да влече приколка со тежина до 2.500 кг, а кабината е опремена како стандард со три реда седишта на кои може да се превезуваат до 7 лица.
Во внатрешноста на средишната конзола се истакнува 10.1-инчниот екран од мултимедијалниот систем SYNC 3, додека пред возачот се наоѓа уште еден дигитален дисплеј со големина од 12,3 инчи, кој ја заменува класичната инструмент-табла. Стандарден дел од опремата е B&O аудио систем со 14 звучници.
Списокот на системи за помош е навистина долг, а се состои од, меѓу другите: прилагодлив темпомат со функција Stop & Go, Speed Sign Recognition, Lane Centring, Reverse Brake Assist, Active Park Assist 2, Blind Spot Information систем со Cross Traffic Alert, Pre-Collision Assist со Active Braking функција, камера од 360 степени …
Explorer PHEV во Германија ќе чини 76,000 евра со пакет на опрема ST-Line, или 77.000 евра со пакет на опрема Platinum.
Како споредба, најновиот хибриден BMW X5 xDrive 45e се продава за 77.300 евра. SUV моделот на BMW исто така користи 3.0-литарски мотор спарен со електричен мотор. Вкупната комбинирана на моќност достигнува 394 КС, додека максималниот вртежен момент е 600 Nm.