Голем верижен судар во Кина: Рекорден број на оштетени возила поради магла и црн мраз! / ВИДЕО
Овој настан нека ви биде и предупредување да внимавате во сообраќајот при тешки временски услови
Во Кина се е големо, а за жал има и големи верижни судири. Ова е еден од рекордните. Повеќе од 400 возила се судриле во средата на мост во централна Кина. Причина за инцидентот на мостот Женгксин Хуанге над Жолтата река во близина на градот Женгжу е густата магла и црн мраз на мостот. Едно лице загинало, а неколку луѓе се повредени. Во моментот на верижниот судир, видливоста на многу места во Кина била помала од 200 метри, се вели во соопштението од локалната метеоролошка служба. Многу луѓе останале заробени во своите автомобили, а повеќе од шеесет спасувачи биле испратени на мостот за да им помогнат. Несреќата била предизвикана и од црн мраз на мостот.
Овој настан нека ви биде и предупредување да внимавате во сообраќајот при тешки временски услови.
25 days till chinese New Year. Zhengxin Yellow River Bridge in ☭#china's Zhengzhou (home of deadly man-made floods in 2021 killing 10k & recent Foxconn "Great Escape"), more than 400 vehicles collided in a row due to reckless drivers, heavy fog & black ice on the road. pic.twitter.com/P9DNZRg1XT
— Northrop Gundam 💎∀🦅⚔️☭⃠ (@GundamNorthrop) December 28, 2022