Оние кои не преферираат месо во исхраната, веројатно ќе речат дека ова е најголемата можна глупост, додека оние другите дека станува збор за „камион од соништата“

Основата е класикот Peterbilt Model 379, а темно-сивиот дел позади е најголемата американска скара на светот. Поточно, должината е околу 23 метри и во зависност од изборот за подготовка на оброк, може да се нахранат барем 5000 луѓе дневно. Доволно е да се каже дека камионот тежи околу десет тони, а приколката над 36. Дневно, може да се обработуваат до 5.500 килограми месо.

Како сето тоа изгледа може да погледнете во приложеното видео.